Бакрачески на сред сезона се сети дека Охрид нема стратегија за развој на туризмот

Од:

Охрид се соочува со една од најлошите туристички сезони. На само неколку дена пред 2 август, во градот присуствуваат значително помалку туристи во однос на претходните години. На вчерашното заседание на Локалниот економскиот совет во Охрид, со кој претседаваше градоначалникот Никола Бакрачески беше констатирано дека Охрид нема јасна стратегија и визија во кој правец треба да се движи туризмот.

За жал, Бакрачески и „градските татковци“ кои членуваат во тој совет, на средината на туристичката сезона се сетија дека Охрид нема никаква стратегија за развој на туризмот. На средбата се договорил ист ваков состанок да се одржи на крајот од сезоната, за што ќе се дебатирало околу проблемите со кои се соочува Охрид и како полесно да се справи наредната сезона.

Но, каде е тука стратегијата на Бакрачески која ја ветуваше пред граѓаните во текот на изборната кампања на последните локални избори според која Охрид требаше да биде препороден? Програмата и визијата што ја ветуваа Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори ова лето ги нема, а Охрид не знае што понатаму. И наеднаш, за најслабата туристичка сезона се виновни медиумите кои воделе антикампања за градот и нерално ја прикажувале состојбата со туризмот.

Колку за потсетување, Бакрачески во своето претставување пред граѓаните и битката за градоначалник на Охрид ветуваше дека знае како да го спаси Охрид, како да го развие и како да го препороди. Уште две години, ќе помине и неговиот мандат, а сеуште виновници се бараат во претходните власти.

Како и да е, Охрид никогаш не бил толку празен особено во периодот околу 2 август. Туристичките и угостителските работници се жалат на бројот на гостите и работата на нивните објекти. Охриѓани се уште ништо не виделе од преродбата која се ветуваше пред локалните избори. Во Охрид ќе дојде и нова сезона и во следниот период треба повеќе време да се посвети со експерти да се најде начин како да се привлечат туристите од земјава и од странство, наместо единствена преокупација да биде како да се земе скапото црковно крајезерско земјиште за евтини пари.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство