СДСМ: Груевски ја обелодени содржината на предлогот на Нимиц

Од:

„Оној момент кога Груевски повторно го злоупотреби спорот за името и ја обелодени содржината на предлогот на Метју Нимиц во 2005, тој по автоматизам го изгуби статусот на државна тајна. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека содржината на истиот предлог беше објавена на Викиликс уште пред една година“, реагираат од СДСМ.

„Најважното прашање е зошто Груевски беше единствениот македонски политичар кој во 2005 година го одби овој предлог, кој е всушност двојната формула со загарантиран национален, јазичен и културен идентитет. Овој предлог е далеку подобар од оној кој Груевски го прифати во 2008 пред Букурешт, Република Македонија, во заграда Скопје. Наша обврска е во интерес на граѓаните да ја разобличиме секоја државна лага која излегува од кујната на Груевски“, посочуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски