Машката кошаркарска јуниорска репрезентација на Македонија денеска во рамките на 2.коло од Европското првенство „Б“ дивизија што се одржува во Софија за противник ја има селекцијата на Норвешка.
И двете репрезентации во првата рунда претрпеа порази, па овој натпревар ќе биде можност да се поправи впечатокот. Почетокот на натпреварот е во 12:45 часот.
Вчера на дуелот од 1.коло Македонија беше убедливо совладана од Словенија со 77:49, додека висок пораз доживеа и Норвешка од Финска со 85:64.
Покрај дуелот Македонија – Норвешка во рамките на Ц групата се игра уште и натпреварот Швајцарија – Словенија.
На шампионатот во Софија играат 22 репрезентации поделени во четири групи.