Архитектот и дизајнер Оки Сато од јапонското студио „Нендо“ ужива во моментите на изненадување.
Тој изненади со лампата, кој всушност е туш. Инспириран со подните лампи, неговиот сон е да комбинира различни животни области.
„Axor LampShower“ е негов нов производ, кој водата и светлото ги спојува во совршена хармонија. Иако на прв поглед производот изгледа како лампа, всушност нуди сосема ново искуство на туширање.
Постои елемент на магија во поетскиот дизајн: убаво формиран млаз вода го обвива целото тело, како кога паѓа дожд и се слева на транспарентен абажур.
Интегрираното амбиентално осветлување создава необична и привлечна атмосфера во целата бања.