Кошаркарите на Македонија до 18 години со пораз го почнаа Европското првенство „Б“ дивизија што се игра во Софија. Попладнево во дуелот од 1.коло Македонија загуби од Словенија со 77:49 (24-11, 16-12, 20-13, 17-13). Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ беа немоќни да во дуелот со фаворизитраниот ривал.
Нашата репрезентација нема да има многу време за анализа и веќе утре во 12.45 часот ќе го играат дуелот од 2.коло со Норвешка. Најефикасен кај Македонија беше Мартин шалев со 11 поени, додека на натпреварот Нејц Зупан со 18 поени.
На вториот натпревар од Ц групата Норвешка загуби од Финска со 64:85. Слободна во првото коло беше Швајцарија.