Напаѓачот на Манчестер Сити, Марио Балотели ја офарба својата препознатлива фризура во црвено. Снимен е на бензиска пумпа со своето Бентли, вредно 140 илјади фунти.
Иако се жали дека вниманието на јавноста за секој негов потег му смета, тој неретко прави работи со кои доаѓа во центарот на вниманието.
„Тој е сјајно момче. Претпоставувам дека е многу несреќен кога се насочува вниманието на неговите потези, а тој е млад и само сака добро да се забавува“ изјави неговиот тимски колега и капитен на Сити, Венсан Компани.