Италијанската министерка за надворешни работи Могерини во посета на Македонија

Од:

Министерката за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, министерката Могерини ќе оствари средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Централно место во разговорите, како што се наведува, се очекува да биде процесот на проширување на Европската унија како еден од главните приоритети на тековното италијанско претседателство, во контекст на поддршката на Италијанската Република за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

За време на посетата предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани