Новиот „iPhone 5“ се произведува во пеколни услови

Од:

Еден кинески новинар се вработил во фабриката „Фокскон“, во Таи Јуан и открил многу нешта за животот на работниците кои го произведуваат долгоочекуваниот производ на „Епл“ – „iPhone 5“.

Фабриката стана позната по штрајкот на работниците во март годинава.

Поради лошите услови во неа, како што вели тој, останал да работи само 10 дена, од кои 7 дена му биле само обука. Работодавците сметале дека 7 дена се доволни за еден работник да може да ги составува апаратите, а според планот било предвидено да се произведува 57 милиони годишно.

Фабриката исто така нудела и сместување за своите вработени, место кое новинарот чиј идентитет не е откриен, го нарекол ноќна мора.

„Мирисаше на ѓубре и човечка пот. Пред секоја соба имаше купишта ќубре, а кога го отворив својот шкаф, излегоа илјадници лебарки. Постелнината што ми ја дадоа беше многу валкана“, напиша тој.

Наредниот ден, започнала обуката, а веднаш им било укажано на вработените за казните и наградите што ги очекуваат.

Прашањата во врска со големата стапка на самоубиства на вработените не ја игнорирале, но не биле баш подготвени да разговараат за тоа, вели новинарот.

„Некој искоментира дека условите за живот се страшни и тие се причина за самоубиствата. Јас само забележав дека сите прозорци на собите имаат решетки.“

Веќе седмиот ден започнале да работат на популарните уреди.

„По обуката рекоа дека веднаш можеме да започнеме со работа, иако беше доцна навечер. Одмаравме само во текот на денот“.

Викендите им органирале средби за дружење на работниците.

Осмиот ден веќе ги внеле во просторијата каде што се составуваат уредите. На влезот стоел натпис „Задолжителна тајност“. Претпоставениот им рекол дека треба да го работат само тоа што им било кажано и дека имаат голема чест што успеале да дојдат овде и да го призведуваат новиот „Ајфон 5“.

Времето за вечера било во 23 часот, а потоа пак се продолжувало со работа. Новинарот пишува дека многу често добивале и прекори, тој и неговиот цимер, бидејќи работеле многу бавно.

„На задната страна на телефонот морав да внесам 4 ознаки во рок од 3 секунди без грешка и да го вратам назад на траката. Се прашував кој нормален ќе го работи ова повеќе од два часа за 27 јуани ( 4 долари, или околу 180 денари). Следниот ден шефовите се однесуваа на ист начин кон нас и збеснавме. Секогаш кога некој од нас ќе го земеше делот од телефонот, ја завршуваше работата и го враќаше назад на траката пцуејќи го, за да се ослободи од нервозата“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска