„Коста Конкордија“ тргна на своето последно патување до Џенова

Од:

Остатоците од луксузниот брод „Коста Конкордија“, што пред повеќе од 2,5 години се насука кај островот Џиљо, кога настрадаа 32 лица, го почна своето последно патување до пристаништето Џенова.

Црковните камбани се слушаа додека риморкерот ги извлекуваше остатоците на некогашниот луксузен брод, два ипол пати поголем од Титаник, следен од 14 бродови, пренесоа француските медиуми.

Рѓосаниот костур на бродот, тежок 114.500 тони и долг 290 метри, лежеше на привремена подводна платформа што беше потпрена од септември минатата година, кога крузерот беше исправен, потсетуваат британските медиуми.

Во минатонеделната операција без преседан, во танковите беше впумпан компримиран воздух за „Конкордија“ да се покрене за два метра. Операцијата на извлекување требаше да почне пред два дена, но беше поместена за денеска заради лошото време.

„Конкордија“ ќе биде влечена околу 240 километри на север, до пристаништето Џенова, со брзина од две наутички милји на час, каде треба да пристигне во недела, доколку временските прилики го дозволат тоа.

Трошоците за извлекување на потонатиот брод до сега се проценети на околу 1,5 милијарда евра, вклучувајќи ги и 100-те милиони евра за расходување.

– Кога ќе го догледаме пристаништето Џенова ќе можеме да прогласиме победа, рече денеска Франко Габриели, началник на италијанската служба за цивилна заштита.

Луксузниот крузер удари во карпа кај малиот остров Џиљо во јануари 2012 година, по што се насука и преврте со 4.229 патници од 70 земји.

Против капетанот на „Коста Конкордија“, Франческо Скетина, во моментов се води судска постапка под обвинение дека го предивикал бродоломот и го напуштил бродот пред сите патници да бидат евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски