Хунтата во Тајланд ги ублажи мерките за цензура на медиумите

Од:

Воената управа на Тајланд денеска соопшти дека ја изменила наредбата за тотална цензура на печатените и електронски медиуми, што ја донесе минатата недела. Според новите прописи, кривично и материјално ќе одговараат само оние сопственици, уредници а автори ако објават текстови со невистинита содржина, а кои се однесуваат на работата на воената хунта и од неа именуваните цивилни агенции

Според најновата одлука на воените власти, медиумите не ќе бидат затворани, или казнувани, со решение на воената управа. За евентуалните одговорности мерки би предлагале тела определени од сојузот на професионалните новинарски асоцијации на Тајланд.

Претседателот на здружените новинарски асоцијации на Тајланд, Прадит Руангдит денеска соопшти дека за новите упатства и мерките определени за медиумите ќе се дискутира утре. Тој го пофали раководството на воената хунта поради брзата реакција на забелешките од страна на новинарите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач