Најмалку 12 Палестинци и двајца израелски војници се убиени во последните 24 часа во Појасот Газа, јави ДПА.
Бројот на палестински жртви во 16-тиот ден од израелската воена операција се изкачи на 639, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, додавајќи оти над 4.000 Палестинци се повредени.
Според податоци на израелската армија 22 војници загинале за шестте дена копнена офанзива.