Во рамките на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „2-ри Август“ во Домот на култура „Илинден“ денеска ќе се одржи крводарителска акција.
Акцијата ќе се реализира од 9 до 14 часот и во неа може да се вклучат сите заинтересирани граѓани кои преку дарувањето на драгоцената течност – крвта, ќе ја покажат својата хуманост и солидарност, спасувајќи нечиј живот.