Доскорешниот кошаркар на белградска Црвена звезда, Демаркус Нелсон стана нов член на грчкиот Панатинаикос.
Само три дена откако го раскина својот договор со црвено-белите, денеска американскиот кошаркар потпишал едногодишен договор со атинската екипа, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Инаку, 29-годишниот Нелсон беше еден од најдобрите играчи на Црвена звезда минатата сезона, со просек од 9,8 поени, 3,2 скока и 3,3 асистенции во АБА лигата, додека на десетте одиграни средби во Евролигата, вклучувајќи ги и двете против Панатинаикос, Американецот имаше просек од 11,2 поени, 4 скокови и 3,2 асистенции.