Кожув со променет состав во новата сезона

Од:

Во новата прволигашка сезона, кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија ќе влезе со речиси целосно променет состав во поглед на оној од минатата сезона.

На денешната прес-конференција од клубот информираа дека цела една петорка замина и оти до сега на нивно место се ангажирани нови четири кошаркари од кои тројца интернационалци.

– Нова средина побараа центрите Чупковиќ и Штерјов, крилото Филиповиќ како и организаторите на играта, Мијајловиќ и Караџовски. Овие искусни кошаркари,кои го претставуваа ростерот на екипата, со исклучок на Чупковиќ, имаа најмалку по две години стаж во гевгелискиот прволигаш, соопштија од клубот.

Раководството на Кожув на нивно место веќе ги ангажира: искусниот организатор на играта Ефтим Богоев од Фени Индустри, босанскиот центар Драшко Албијаниќ, српскиот крилен центар Милан Јанушевиќ и црногорецот Никола Корач од екипата на Теодо Тиват.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос