Општина Илинден го почнува одбележување на патрониот празник со крводарителска акција

Од:

Со крводарителска акција, која ќе се одржи утре од 9 до 14 часот во Домот на култура „Илинден”, општината Илинден го почнува одбележување на својот патронен празник и 18-годишнината од постоењето.
Одбележувањето продолжува вечерта во 19 часот со пуштање во употреба на новиот објект на компанијата Белина.

Централната манифестација традиционално ќе се одржи во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија” во Дељадровци во вторник, 29 јули, со почеток во 20 часот. Во рамките на културно-уметничка програма на овој Општонароден собир, на кој секоја година присуствуваат по неколку илјади граѓани, годинава Општина Илинден организира „Илинденски етно фест”, фестивал на традиционални македонски песни со нови аранжмани во исполнение на ѕвездите на македонската естрада.

В четврток, пак, во Домот на култура „Илинден” во 11 часот ќе биде отворена Копаничарска изложба што Општина Илинден ја организира во соработка со Здружението на копаничари на Македонија. Изложбата на која седуммина копаничари ќе се претстават со дваесеттина нивни дела ќе биде отворена до вторник, 29 јули.

Во рамките на одбележувањето на празникот ќе се одржи традиционалниот „Спортски викенд” што ќе трае од петок, 25 јули до недела, 27 јули, и на кој ќе учествуваат над 800 спортисти.

Централно место на Спортскиот викенд ќе има професионална велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2014”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја.

Покрај ова ќе се одржи и велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри, потоа штафетна трка, како и турнири во голем фудбал, во шах, во тенис и во кошарка, информираат од Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он