Пред неколку дена во херцеговското место Груде се случи настан кој покажа дека се уште има чесни луѓе, објави хрватскиот портал index.hr.
Имено, еден жител на ова место, кој сакал да остане анонимен, пред стариот хотел во Груде пронашол вреќа во која имало 150.000 евра, но и уплатницата со името на сопственикот на пари.
Врз основа на податоците на уплатницата чесниот пронаоѓач го пронашол сопственикот и му ги вратил парите, а тој за тоа богато го наградил.
Неофицијално, се работи за награда од 25.000 евра.
Поратолот baboska.info пишува дека човекот кој ги изгубил парите е еден од успешните херцеговски бизнисмен, кој на чесниот наоѓач освен пари му понудил и работа во неговата фирма, но тој ја одбил понудата велејќи дека е „задоволен со неговата работа“.