Ејуп Рустеми, претседател на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците

Од:

Пратеникот Ејуп Рустеми од ДУИ е претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците. За заменик-претседател на собраниското тело пратениците го изгласаа Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ, но тој на ова место ќе биде се додека опозицијата не се врати во Парламентот.

Со денешната седница на Комитетот претседаваше претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Информираше дека во него се застапени пратеници – припадници на повеќе етнички заедници, но не и на влашката за што, според законот, е известен Народниот правобранител, кој треба да достави предлог.

Џевад Адеми од ДУИ го предложи Рустеми за претседател на Комитетот и истакна дека очекува ова собраниско тело не само да расправа за инциденти и проблеми, туку и за теми за унапредување на рамноправноста.

Пратеникот Рустеми го водеше Комитетот и во неговиот прв состав по основањето.

Иако гласаше „за“, пратеникот Орхан Ибраими од ДПА ја обвини ДУИ дека не прави ништо за албанската етничка заедница.

Пратеникот Амди Бајрам исто така гласаше „за“, но по седницата даде изјава дека не е во ред секогаш првите места да се делат меѓу Албанците и Македонците, бидејќи дел од Комитетот се и припадници на други заедници, како Ромите од каде што тој доаѓа.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска