Бакрачески тврди дека има превработеност, а вработува 14 нови административци во Општина Охрид

Од:

Општина Охрид преку Агенцијата за државни службеници распиша јавен оглас за вработување на нови 14 државни службеници за неколку работни места. Нови 14 административци ќе ја надополнат општината и ќе земаат плата од општинскиот буџет.

Превработеноста е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Општина Охрид, тврдеше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Тој и во текот на кампањата, но и откако ја презеде градоначалничката функција во јавноста нагласуваше дека едвај се справува со огромната и, како што милува да каже, непрофесионална и нестручна администрација.

Веќе во општината, на работа одат многу нови службеници кои се вработени со договори на дело, а со неколку вакви огласи се вработуваат и на неограничено време. Бакрачески и во минатиот период беше обвинуван од опозицијата за новите партиски вработувања, но и за отпуштањата на дваесетина административци во општината под изговор дека не го положиле испитот за пробна работа.

Тврдењата на Бакрачески дека администрацијата во Општина Охрид е преполна немаат тежина, со оглед на тоа дека постојано се вработуваат нови. Од извори на Локалната самоуправа, А1ОН дознава дека во септември повторно се подготвува нов конкурс за вработување на нови државни службеници.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност