Данската тенисерка Каролина Вознијацки го освои првиот трофеј сезонава, откако попладнево во финалето на турнирот во Истанбул ја победи Роберта Винчи во два сета со по 6:1 и 6:1.
Вознијацки (прва носителка) беше супериорна во текот на целото финале кое траеше само еден час и 10 минути, а може да се кажe и на целиот турнир.
За данската тенисерка ова беше 22. титула во кариерата.
Попладнево се играше и финалето на ВТА турнирот во Бастад (Шведска). Таму триумфира Мона Бартел (Германија).
Во завршниот меч Германката беше подобра од Шанел Шчеперс (Јужна Африка) со 6:3 и 7:6 по сетови.