По најновиот декрет на тајландската воена хунта, издаден во петокот, со кои на печатените, електронските и он-лајн медиуми им се заканува затворање, без објаснување, ако пишуваа ткритички за активностите на воената управа и поранешни владини и судски функционери, здруженијата на тајландските новинари побараа итна средба со раководството на хунтата.
Во најновите правила за цензура, што хунтата ги објави доцна во ноќта во петок спроти сабота, на медиумите им се забранува да објавуваат текстови „кои би ги инспирирале читателите да се соберат на протест“. Се забранува какво и да е информирање за случувањата во и околу кралското семејство.
Медиумската слобода, по прогласувањето на воената управа и така беше ограничена, а сега медиумите се доведени до уште понезавидна состојба. Новинарските здруженија истакнуваат дека желбата за тотална контрола над информациите може да биде како бумеранг и да им наштети на целите поради кои хунтата ја собори цивилната власт. Раководството на здружените новинарски асоцијации на Тајланд соопшти дека побарало итна средба со сегашното раководство на Тајланд.
Генералот Прајат Кан-ока на 22 мај годинава, со аманет од кралската палата, ја собори цивилната влада на Јинглук Шинаватра и прогласи воена состојба. Според него, ваквата состојба во Тајланд ќе трае до септември идната година, кога ќе се донесе нов Устав и ќе се закажат општи избори.