По одлуката на Агенцијата за борба против корупција на Тајланд пораешната премиерка Јинглук Шинаватра да ја изведе пред Криминалниот суд со обвинение дека како најодговорна личност не водела доволно грижа за извршување на програмата за субвенционирање на ориз, претставникот на воената хунта изјави дека ова обвинение нема да влијае на дозволата Шинаватра да не патува во странство.
Јинглук Шинаватра најави дека следната недела ќе патува во Европа, каде што сега во доброволен егзил живее нејзиниот постар брат и исто така поранешен премиер Таксин Шинаватра. Пред да го добие пасошот, таа вети дека нема да има никаква политичка активност која би нила штетна за угледот на воената хунта и на Тајланд.
Во однос на обвинувањата, поранешната премиерка на прес конференција изјави дека се работи за притисок на нејзините политички противници врз судството и дека е сигурна во докажување на нејзината невиност. Таа потврди дека сега, под воениот режим, се однесува како сите обични граѓани на Тајланд, но дека нејзините политички амбиции се сеуште големи.