Десет прашања на Русија до Украина

Од:

Руското Министерство за одбрана постави 10 прашања до украинските вооружени сили за да се утврди што се случи на небото на Украина кога беше урнат малезискиот патнички авион со 298 патници и членови на екипажот, рече заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.

Тој на Руската телевизија прво праша врз основа на кои докази украинската власт веднаш утврди дека за падот на авионот се виновни проруските сили на југоистокот на Украина.

Исто така, Москва го прашува Киев дали украинските власти можат со извештај да ги потврдат сите детали за користењето на системот „бук“ во регионот на борбените дејства и зошто се расоредни ако се знае дека проруските сили немаат авијација?

-Зошто украинската власт не одговара на барањата да се формира меѓународна комисија?

Кога таа ќе почне да работи?

Целата меѓународна заедница го очекува тоа, го наведе третото прашање Антонов.

Четвртото руско прашање за Украина, а кое е истакнато како важно гласи:

-Дали претставниците на украинските сили се подготвени на меѓународните експерти да им ги дадат документите за складираните ракети воздух-воздух и земја-воздух од противвоздушните системи?

Руската власт ги прашува Украинците и зошто контролата на летот во Украина дозволила авионот да лето подалеку на север, на подрачјето на воената операција на војската против проруските сили?

-Зошто воздушниот простор не беше целосно затворен за цивилни летови над зоната на воени дејства, прашува заменик минитерот за одбрана на Русија.

Тие прашуваат и бараат коментар од официјален Киев за извештајот на шпанскиот контролор на летот кој работи во Украина, дека боингот бил следен од два украински воени авиони.

-Зошто Украинскиот совет за безбедност почна да ги анализира записите од разговорот на украинската контрола на летот со екипажот на боингот како и податоците на украинските радари без присуство на меѓународни претставници, праша Антонов.

На крај, Руските се заинтересирани за одговор на прашањето дали Киев во зеде во предвид примерот од претходниот пад на рускиот авион над Црното море.

-Тогаш украинското раководство до последен момент тврдеше дека не се замешани украинските воени сили во трагедијата. Дури, откако Русија ги извади на маса доказите, беше јасно кој е виновен за несреќата, рече заменик министерот за одбрана на Русија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите