Војдан Стојановски ќе ја напушти Алба Берлин и од следната сезона ќе бара нов предизвик.
Моментално Војдан е во Охрид каде што се подготвува со Македонската репрезентација за квалификациите за ЕП 2015 година. Тој потврди дека нема да остане во Алба и ќе си замине од клубот по само една помината сезона во редовите на германскиот клуб, пренесе Спорт Клуб.
„Заминувам од Берлин, а мојата селдна дестинација се уште не е позната. Сега не сакам да мислам на ништо друго и сакам да се сконцентрирам на подготовките со репрезентацијата“, вели Стојановски.