Почина Владо Поповски – Секретар на Општина Карпош

Од:

Денеска наутро, по кратко боледување почина Владо Поповски, секретар на Општина Карпош.

Владо Поповски беше долгогодишен политички работник и врвен професионалец. Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година, беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Најблиските на Секретарот Поповски ќе се збогуваат утре во Капелата на Гробиштата „Бутел“ со почеток во 11.30 часот а погребот ќе се изврши во 13.00 часот.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец