Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Белград, откако денеска за влез во топ 4 на турнирот загуби од првиот носител на Ласло Џере од Србија со 2:1 во сетови. За пласманот во четвртфиналето, Јотовски ќе добие два бода.
Првиот сет му припадна на Џере со 6:4 во гемови, откако при 5:4 во 10.гем направи брејк на сервис на Јотовски. Во вториот сет нашиот тенисер во петтиот гем прави брејк за водство од 3:2 во гемови и потоа на свој сервис успеа да спаси три брејк топки и го доби гемот за водство од4:2, а потоа и сетот со 6:4.
Во решавачкиот сет Србинот беше подобар со 6:2 во гемови.
Јотовски следната недела ќе настапува на турнир во Ваљево