Во Велес во 2014 легализирани 800 дивоградби

Од:

Во Велес во текот на 2014 година легализирани се 800 дивоградби, информира Елизабета Јовчевска, раководител на Одделението за правни работи при Општина Велес.

Според неа, во градот не се знае точниот број на дивоградби, затоа што голем број од сопствениците на дивоградби во Велес немаат поднесено барање за легализација.

– До септември 2011 до нивната служба биле поднесени 7871 барање за легализација на куќите,а од нив во овие две и пол години легализирани се 1.500, рече Јовчевска.

Таа посочи дека прекин на постапката заради доставување на документација има кај 3.500 сопственици на дивоградби. Инаку, во врска со постапката за легализација на тераси, а која трае до 30 јуни 2015 годна, според информацијата од Јовчевска, досега се доставени 16 барања.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски