Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека во Германија не постојат услови за азил, за поранешниот службеник на НСА, Едвард Сноуден.
-На прашањето за Сноуден одговори владата. Претпоставки за азил не постојат-рече Меркел.
Американската амбасада во Берлин синоќа, откако шефот на ЦИА во Берлин ја напушти Германија, веднаш ја извести владата на Меркел. Америка, како што пишуваат медиуми, симболично го прифатила протерувањето на шефот на ЦИА, поради барањето на германската влада, по созданието дека еден соработник на германската разузнавачка служба и еден службеник на германското Министерство за одбрана шпионирале за САД.
Е. Г.