Поранешните министри и сенатори во Тајланд поднесуваат имотни листи

Од:

Сите поранешни министри и нивни заменици, како и членовите на Сенатот на Тајланд се задолжени да поднесат имотни листи според кои посебна комисија именувана од воената хунта ќе прави анализа дали тие неоправдано се збогатиле користејќи ја функцијата.

Од досега поднесените извештаи за движење на вредноста на нивниот имот, само на неколку министри и заменици приходите им се смалувале додека биле функционери. По се изгледа дека поранешните сенатори добивајќи и политичка функција повеќе профитирале од министрите и  замениците. Само тројца од сенаторите што го пријавиле движењата на вредноста на нивниот имот имаат над 330 милиони долари повеќе од кога влегле во Сенатот.

Најголем „губитник’’ од влегувањето во актуелната политика, засега, е поранешниот заменик премиер во владата на Јинглук Шинаватра, Бунгсоугпаисарн, кој по две години  имал имот што бил еден и пол милион долари помалку вреден од пред да стане функционер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач