Лисенко: Малезискиот авион летал надвор од зоната на украинската противвоздушна одбрана

Од:

Портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко изјави дека малезискиот авион летал надвор од зоната на дејствување на украинската противвоздушна одбрана.

Тој наведе дека за време на трагичниот инцидент украинските воени авиони не биле во воздух.

Лисенко посочи и дека по извршената контрола утврдено е дека сите украинско зенитно-ракетни комплекси се на број.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека утврдило активност на украинските радиолокациски станици (РЛС) на денот на несреќата на малезискиот „Боинг“ и ги посочи локациите во Украина од каде било можно да се урне авионот.

Според прес-службата на Министерството, маршрутата на авионот и местото на неговото паѓање се наоѓаат во зоната на прецизно гаѓање на две украински батерии на противракетни комплекси со голем дострел С-200 и три батарии противракетни комплески со среден дострел „Бук-М1“.

– Руските радиотехнички средства на 17 јули регистрираа активност на радиолокациската станица 9с18 „Купола“ на батаријата „Бук-М1“, сместена во реонот на селото Стила, на 30 километри јужно од Доњецк, се прецизира со соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он