Сепаратисите сметаат дека нема потреба од примирје за да се истражат причините за падот на малезискиот авион

Од:

Проруските сепаратисти сметаат дека за објективна истрага за причините за вчерашната несреќа на патничкиот авион „Боинг-777“ на „Малезија ерлајнс“ не е неопходно примирје, јави ИТАР-ТАСС.

– Борбените дејствија продолжуваат на целиот фронт. Местото на паѓањето на „Боингот“ се наоѓа длабоко на наша територија и не се потребни никакви „хуманитарни примирја“ или „коридори“ за објективна истрага за причините за трагедијата, изјави „министерот за одбрана“ на  т.н. „Доњецка Народна Република“, Игор Стрелков.

– Комисијата може слободно да пристигне и да го испита местото на падот на авионот. Никој нема да и прави пречки. Но, нецелисходно е и запирањето на борбените дејствија против опколената група на противникот, смета Стрелков.

Малезискиот авион, што летал од Амстердам за Куала Лумпур, синоќа падна на територијата на Украина во регионот на населеното место Грабово во Доњецката област. Во несреќата загинаа 298 лица, од кои 283 патници и 15 членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите