Британскиот брачен пар Бери и Изи Слим и нивното бебе имаа среќа да не влезат во авионот на „Малезија ерлајнс“, кој вчера беше соборен од проектил на руско-украинската граница, при што загинаа 298 лица, пренесе британски „Телеграф“.
Вработените на аеродромот во Амстердам им рекле дека за нив и нивното бебе нема место во авионот, поради што тие отпатувале подоцна со авион на „КЛМ“.
На прашањето како се чувствуваат поради тоа што ја избегнале несреќата Бери вели дека има некакво болно чувство во стомакот.
-Како да имаше некој што не чува и кој рече не смеете да влезете во тој авион. Ја сакаме „Малезија ерлајнс“ и речиси секогаш патуваме со нивните авиони-вели Изи додавајќи дека нејзиниот сопруг не сака да лета со авионите на „КЛМ“.
-Но знаете што, во овој момент сме пресреќни што патувавме со „КЛМ“, наместо со авионот на „Малезија ерлајнс“- додаде таа.
Бери Сим вели дека смета дека „гром никогаш не удира два пати на исто место“.
-Веројатно патувањето со авион сега е последно нешто што таа го сака, особено до Куала Лумпур- истакна тој.
Е. Г.