Осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп во првите 6 месеци од деловната 2014 остварила раст на премијата за околу 30 милиони денари и 90% поголем профит во однос на истиот период минатата година, која за оваа компанија беше рекордна според остварените приходи и профит. Со ова продолжуваат одличните резултати на компанијата која веќе подолго време е во самиот врв на осигурителниот пазар.
Од компанијата велат дека успеале да остварат фантастичен резултат и покрај големиот број на штети исплатени во периодот кој изобилуваше со големи временски непогоди, како и штетни настани со предизвикана голема материјална штета. Сето ова, објаснуваат во Винер, се должи на супериорното реосигурување кое обезбедува сигурна иднина и кое е гаранција за сите клиенти на компанијата дека секогаш ќе бидат соодветно и експресно обештетени, без оглед на обемот на штетата.
„Стабилноста и сериозноста на една осигурителна компанија се огледува во приодите на обемни штетни настани и големи побарувања. Со динамичната обработка и исплата на штетите по големите невремиња од кои беа засегнати многу луѓе, нивните домови, автомобили, посеви, нивното здравје, покажавме дека ако секоја полиса е ветување, полисата во Винер Осигурување е остварено ветување. Супериорното осигурување оценето со рејтинг А+ е гаранција за сите наши клиенти дека ќе бидат обештетени без оглед на обемот на настанатите штети и во случај на најголеми непогоди“, изјави Генералниот директор на Винер, д-р Зоран Нарашанов.
Од Винер уште велат дека продолжуваат со пакетите прилагодени на потребите и можностите на граѓаните, а во моментов актуелна е промоцијата „Безгрижно летно патување со Винер Осигурување“ со која граѓаните можат да го осигураат домот од кражба, пожар, поплава и други ризици почнувајќи од 499 денари годишно, возилото со каско осигурување со 50% попуст и да извадат патничко осигурување за 20 денари на ден.