Обама: Сите докази за авионската несреќа да останат во Украина

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко и малезискиот премиер Наџиб Разак истакнал дека сите докази за падот на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во источниот дел на Укрина, контролиран од проруските сили, треба да останат во Украина и да бидат прегледани од истражни органи.

Обама и Порошенко нагласиле дека сите докази од местото на несреќата мора да останат каде што се најдени, на територија на Украина, додека меѓународните истражни органи не ја завршат истрагата на сите аспекти од трагедијата, соопшти Белата куќа.

– Претседателот Порошенко ја поздрави помошта на меѓународните истражни органи што ќе гарантираат истрагата на местото на несреќата да биде детална и транспарентна, а претседателот Обама изрази уверување дека американски експерти ќе пружат итна помош на украинските власти, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите