Втора победа за македонските кошаркари на турнирот во Охрид

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна и втората победа на подготвителниот турнир што се одржува во Охрид. Синоќа во СЦ „Билјанини извори“, Македонија ја совлада Романија со 75:56 (21:13; 15:22; 18:10 и 21:11). На првиот натпревар од 2. коло Грузија по продолжение славеше над Австрија со 78:74.

Избраниците на новиот македонски селектор Александар Џикиќ по неубедливото прво полувреме кое го добија со 36:35, на почетокот на вториот дел на противникот му дозволија да направи серија од 8:0 и да води со 43:36. Но, потоа со серија од 18:2 обезбедија мирна завршница.

Најефикасен втор натпревар по ред е Бојан Трајковски, кој постигна 22 поена. По осум поени постигнаа Ричард Хендрикс, Дарко Соколов, Александар Костовски и Дамјан Стојановски.

Вечерва од 20:30 часот Македонија ќе игра против Грузија, додека во првиот дуел од 3.коло од 18 часот играат: Австрија – Романија. Двата натпревара се решавачки за пласманот на турнирот дуелот Македонија – Грузија (за прво место) и Австрија – Романија (за трето место).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос