Музичари професионалци од Италија и Бугарија и изложба за стариот Шумен вечер ќе ја заокружат првата третина од битолското културно лето „БитФест“.
Во културниот центар „Магаза“ целовечерен концерт со амбиентална музика ќе приредат „Xarundo World Music“ од Италија, а во концертната сала на битолскиот музеј ќе настапи Димитар Христов од Бугарија.
Во изложбениот центар „Магаза“, пак, ќе биде отворена изложбата „Спомени од стариот Шумен“.
Според програмата на „БитФест“, на плоштадот „Магнолија“ продолжува отворениот саем на книгата, во хотелот „Молика“ на Пелистер продолжува меѓународната сликарска колонија „Нижо Поле 2014“, а во 18 часот во комплексот „Пацио“ ќе биде приреден перформанс „Моја инспирација – везиме поезија-мезиме трашец, орано, лозено, полнеж…“.