Конечно пораснаа акциите на Фејсбук

Од:

Вредноста на акциите на социјалната мрежа „Фејсбук“ пораснаа за 7,7 %, односно по затворањето на берзата доцна синоќа, тие чинеа 20,93 долари.

Овој раст следи по долготрајното паѓање на берзата на нивната вредност, при што се имаа намалено за повеќе од половина од нивната почетна цена на чинење,

Основачот на „фејсбук“, Марк Цукерберг, во својот говор на конференцијата на „ТЦД“ рече дека почетоците на компанијата на берзата биле разочарувачки, но се обиде да ги убеди инвеститорите дека приходите ќе пораснат со новата стратегија поврзана со мобилите телефон.

Тој ги негираше гласините дека „Фејсбук“ има намера да направи свој телефон, велејќи дека тоа би било сосема погрешен чекор, туку дека има намера да ја направи својата социјална мрежа повеќе интегрирана во сите уреди кои луѓето ги користат, како со комјутерите, така и со мобилните што ги произведуваат сите фирми.

Во јуни, „Фејсбук“ имаше во просек 552 милиони активни корисници дневно, а 955 милиони месечно. Од нив 543 милиони корисници се логирале на фејсбук преку својот мобилен телефон.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска