Максимални контроли при узвозот на српско млеко

Од:

Одлуката од 14 јули годинава со која Србија го зголеми максимално дозволеното ниво на афлатоксин М1 во млекото, од 0,05 на 0,25 микрограми на литар, важи и се применува исклучиво на нејзината територија.

Во Македонија, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се применува Правилникот за општите барања за безбедност на храната со кој максимално дозволеното ниво на афлатоксин М1 во млекото изнесува 0,05 микрограми. Правилникот е усогласен со европските стандарди кои се едни од најригорозните кога е безбедноста на храната во прашање и кои гарантираат високо ниво на заштита на потрошувачите.

На сила останува и примената на засилените мерки за контрола на увозот на млеко од соседна Србија и од земјите од регионот со задолжително земање мостра и лабораториско испитување на присуство на афлатоксин на секоја пратка.

– Ваквата мерка е гаранција дека ниту една пратка со млеко и производи од млеко со потекло од соседна Србија или од неколкуте земји од регионов не може да се најде на македонскиот пазар доколку со задолжителните лабораториски испитувања не се потврди дека е безбедна, односно дека ги исполнува одредбите од Правилникот со кој се дефинираат максимално дозволените концентрации на афлатоксин во млекото, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски