Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, во интервју за „Фактор“ на прашањето дали може да се очекуваат нови притисоци за новинарите кои се критичари на власта, вели дека нема да го зачуди ако уапсат новинар.
– Ако се гледа како досега се однесуваше власта нема да бидам зачуден ако апсат некој новинар. Но, апсењето на новинари нема да им ја олесни работата во обид за ја сочуваат власта, напротив, туку уште повеќе ќе им го комплицира животот. Не треба да заборават дека Македонија спаѓа во сферата на интерес на ЕУ и САД и не може овде за подолго време да се толерираат практики како во Белорусија, Русија или Турција, каде многу лесно се апсат новинари. Ако власта не извлече поуки на време и не се откаже од вакви недемократски методи на владеење, тогаш може да им се врати како бумеранг кога ќе замине во опозиција – вели Селмани.
Целото интервју може да го прочитате овде.