Вујовиќ: Србија нема да банкротира, ако постигне договор со ММФ

Од:

Српскиот министер за економија и вршител на должност министер за финансии Душан Вујовиќ изјави денеска дека Србија нема да банкротира, доколку ги спроведе објавените мерки и доколку во септември земјата склучи тригодишна спогодба со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– Спогодбата со ММФ ќе ни помогне да го намалиме буџетскиот дефицит, да го одржиме државниот долг во нормални рамки и да се претвориме со атрактивна дестинација за странски инвестиции, истакна Вујовиќ.

Тој изјави дека ревизијата на буџетот, која се очекува кон крајот на септември ќе ги покаже сите клучни елементи на економската програма, која ќе биде основа на преговорите со ММФ.

Вујовиќ истакна дека тежината на реформите не може да ја понесе само еден слој од општеството.

– Реформите се тешки, но долгорочно гледано ќе доведат до подобрување на економската состојба, отварање нови работни места и подобар живот за сите граѓани на Србија, истакна тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски