Во издание на Стрип центарот на Македонија-Велес излегоа бр 18 и бр 19 од ревијата „Стрип креатор“, единствено постојано стрип издание кај нас. Финансиската подршка и овојпат ја овозможи Министерството за култура на Р.Македонија,а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.
Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори, учесници на интернационалниот стрип конкурс којшто е во рамките на традиционалниот стрип салон(во месец октомври оваа година ќе се одржи 12тиот по ред).
Заедно со добитниците на признанија од последниот интернационален стрип конкурс , рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од нашата земја.Талентите како што се: Јована Велинова, Беатрис Петровска, Бојана Милчевска ,Ѓунај Абдулов, Димитриј Михајловски(којшто ја превзеде одговорноста за цртање на стрип албумите за Кочо Рацин и Цар Самоил) , сценаристот Александар Стеванов …се само еден дел од создаденото мноштво на потенцијали насочени кон 9 та уметност , и доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стип автори.
Од СЦМ-Велес истакнуваат дека се свесни дека постојана обврска на секоја организација е токму овозможување на контакти , промоции, изложби, ревии ,едукации, медиумска афирмација на стрипот.