Медведев: Санкциите против Русија немаат никаква корист за Украина

Од:

Санкциите против Русија немаат никаква корист за Украина, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев и додаде дека санкциите се незаконски, бидејќи се спротивни на одлуките на Обединетите нации.

– Сите тие санкции нема со ништо да и помогнат на Украина, изјави Медведев на владина седница денеска по повод одлуката на САД за нови санкции против руските банки и компании.

– Сите санкции се зло, тие не внесуваат оптимизам во економијата, ниту кај луѓето и никогаш не носат очигледен успех, изјави премиерот.

– Малку повеќе санкции не можат да и нанесат непоправлива штета на економијата, која ќе биде подложена на таков притисок. Меѓународното искуство покажа дека таквите санкции се уште никого не фрлиле на колена, додаде тој.

Новите санкции, според Медведев ќе го обединат руското општество против „земјите и луѓето, кои се обидуваат да ја ограничат нашата земја и да дејствуваат против интересите на нејзините граѓани“.

– Тоа едноставно ќе не врати во ’80-те години од минатиот век во односите со државите, кои ги воведуваат тие санкции. Жално. Доколку таа е целта на нашите партнери, таа речиси со сигурност ќе биде постигната, нагласи Медведев.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите