Студиото „Маркунпоика“ стои зад проектот – Вазни од стотици моливи.
Овие дрвени вазни се секако убави, но можеби на прв поглед не можете да погодите од што се навистина направени. Финскиот уметник Туомас Маркунпоика од студиото „Маркунпоика“, лепи стотици моливи заедно во листови, а потоа користи машински струг да ги изгради и создаде во убави вазни.
– Моливите се користат при давање форма на нашите мисли, илустрирајќи свои желби и идеи. Тие се неразделно стопени со занаетот и уметноста, појаснува Маркунпоика.
„Амалгаматед“, како што се нарекува колекцијата вазни, е колекција која го истражува односот на произведената маса и својата индивидуална цел.
Убавината на моливот како објект ќе помине незабележано ако се користи само за својата примарна цел. Затоа дизајнерот осмисли решение, кое е секако несекојдневно.