Филе: ЕУ ќе издвои 195 милиони евра за штетите од поплавите во Србија и БиХ

Од:

Европската унија ќе издвои вкупно 195 милиони евра за санирање на штетите од поплавите во Србија и БиХ, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Тој на Донаторската конференција која се одржува во Брисел истакна дека станува збор исклучиво за средства од институции на ЕУ и дека во нив не се вброени донациите на одделни земји-членки.

– Од вкупно 195 милиони евра, 85 милиони ќе бидат издвоени за БиХ, 80 милиони за Србија, а 30 милиони за регионалните мерки за санирање на штетите, нагласи Филе, додавајќи дека ЕК побарала од земјите-членки дополнителни 123 милиони евра за натамошно обновување и превенција од поплавите.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања