Друштвото на филмски работници одлучи филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ да биде овогодишен кандидат за престижната филмска награда Оскар.
Комисијата избираше помеѓу филмовите „Трето полувреме” на Дарко Митревски, во продукција на Кино око, „Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска, во продукција на Систерс енд Брадр Митевски и „Скопје Ремикс” на група режисери, во продукција на Ново македонско видео.