ВИДЕО: Дебатата за уставните измени во Собрание без Буралиева, Грчева и Мендух Тачи

Од:

На денешната 9. седница на Собранието, каде пратениците расправаат за предлогот за пристапување кон измена на Уставот, во законодавниот дом не се појавија Солза Грчева, Љубица Буралиева и лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Како што изјави претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, овие пратеници навреме го најавиле своето отсуство од седницата.

Во Собранието, пратенците дискутираат за дневниот ред, каде со предложените измени се бара попрецизно дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, прецизирање на фискалните правила во буџетот со ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти и на јавниот долг од 60 проценти од БДП, промена на називот на Народна банка во Банка на РМ, воведување на уставна жалба и промена на составот на Судскиот совет.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието