Обама и Меркел првпат разговараа телефонски по избивањето на шпионскиот скандал

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел разговараа телефонски првпат по последниот скандал по повод тврдењата за американската шпионажа во Германија.

На својот налог на Твитер заменик-советникот во Белата куќа за прашања за националана безбедност Бен Роудс напиша дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина, Иран и за билатералната соработка.

Информацијата за телефонскиот разговор не беше потврдена од портпаролот на германскиот канцелар.

Обама и Меркел се согласија дека се потребни итни чекори за деескалација на состојбата во Украина и ја предупредија Русија дека против неа можат да бидат воведени нови санкции.

Обама и ветил на Меркел дека ќе го одржува контактот со неа за начините за подобрување на американско-германската соработка во областа на разузнавањето.

Обама и Меркел беа во добри односи, кои беа ставени на тест по откривањето дека САД можеби спроведувале широка шпионска програма во Германија. Како одговор на тоа Берлин го екстрадира началникот на американските разузнавчи во Германија, мерка која мошне ретко ја користат земји-членки на НАТО.

Разговорот меѓу Обама и Меркел се одржа во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, на кој се очекува лидерите од 28-те земји-членки да го разгледаат затегнувањето на санкциите против Русија поради нејзината улога во дестабилизирањето на Украина.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска