Новиот македонски амбасадор во Берлин се откажал од функцијата

Од:

Минатата недела, само месец и половина пред да замине на должност во една од најмоќните европски земји, назначениот македонски амбасадор во Германија Ненад Колев, се повлекол од функцијата и одлучил да не патува за Берлин, објави ТВ 24 Вести.

Колев поднел оставка и на функцијата директор за економската дипломатија во МНР.

Неофицијално, оставката ја поднел на 9 јули поради несогласувања со шефот на дипломатијата Никола Попоски, со кого имале разидувања и околу последните подготовки пред заминувањето во дипломатска мисија.

Од МНР, за 24 Вести, ја потврдиле оставката, но тврдат дека причините биле лични, а не станува збор за недоверба од страна на Попоски.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија