Зелено светло од 96 пратеници за Законот за следење на комуникациите. Надмудрувањата и игрите завршија.
Два дена ДУИ, цврсто стоеше на ставот дека нема ништо да гласа што е предлог на оваа седница, за вчера да се премисли и да соопшти дека „цврстиот “ став ќе им важи само за Законот за бранителите.
СДСМ и коалициските партнери вчера бојкотираа и бараа од ДУИ прецизен одговор за што точно ќе гласаат. Денеска влегоа и со нивните гласови е изгласан овој дво третински закон.
„Четрири дена Веланоски, го држи Собранието во заложништво . Ние не сакаме да бидеме дел од неодговорната политика. Национализмот е сигурен пат на она што макотрпно го создававме. Нема да дозволиме поделби. Ние, опозицијата го правевме кворумот.Во понеделникот кога имаше кворум, зошто Вељаноски не го стави на гласање , а сега Бонева ни дели лекции за ЕУ агенди. Каде бевте вие овие денови, зошто бегавте од Собранието, или и тоа беше дел од договорот“, праша Рејхан Дурмиши од ПЕИ и СЛ.
„ДУИ се врати, дали ви пречеше што не успеавте да предизвикате меѓуетничка тензија, и дали ви падна сонот за ново мнозинство. Вам не ви е гајле за европските интеграции, тоа вчера го докажавте. Си го откривте лицето. Должите одговор, зошто бегавте од салата за европски закон?“, праша претходно Силвана Бонева.
„СДСМ ќе ги гласа законите кои се приоритетни за Република Македонија. законот ќе биде донесен само поради нашата цврста определба. се надеваме дека постигнале и некаков договор и за Законот за бранителите“, рече Игор Ивановски.
„Режираниот трилер во Собранието заврши со љубовна драма меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО се ќе даде само да ги зачува фотељјите. Во овој момент на ДУИ поважен од скендер бег им е тендер-бег.Тендерскара влада продолжува, се било фингирано, само во интерес на фотељите“, рече Горан Мисовски.