Израел ги обнови воздушните напади врз Газа откако Хамас го отфрли египетскиот предлог за примирје

Од:

Израелската авијација денеска ги обнови воздушните напади врз Појасот Газа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на извори од армијата и израелските медиуми.

Обновувањето на борбените дејствија од воздух се случи шест часа откако Израел еднострано ја прифати иницијативата на посредниците од Египет за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во овој период Израел не изведе ниту еден напад врз Газа, но оттаму Палестинците продолжија со гранатирање на израелската територија, истрелувајќи над 40 ракети, посочи ИТАР-ТАСС.

Израелските сили повторно напаѓаат, потврдија армиските портпароли во Ерусалим и Тел Авив, цитирани од ДПА.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците