Кери го повика Хамас да го прифати прекинот на огнот

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери го повика денеска Хамас да го прифати египетскиот предлог за прекин на огнот со Израел во Појасот Газа.

Во краткото соопштение од Стејт департментот, Кери ја поздрави одлуката на Израел да го прифати овој план.

– Египетскиот предлог за прекин на огнот и преговори дава можност да се прекине насилството и повторно да се врати мирот. Ја поздравуваме одлуката на израелскиот кабинет да го прифати. Ги повикуваме другите страни да го прифатат предлогот, истакна Кери.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Владата утрово се сретнала и го прифатила планот, кој стапува во сила денеска од девет часот по локално време.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски